ФОТО: Активисти фрлија брашно врз спортскиот автомобил насликан од Енди Ворхол

Активисти фрлија брашно врз спортскиот автомобил насликан од Енди Ворхол/Фото Handout / AFP / Profimedia

Климатските активисти фрлиле брашно врз спортски автомобил насликан од американскиот уметник Енди Ворхол изложен во финансискиот центар на Италија. Ова е трет пат овој месец активистите од групата „Ultima Generazione“ (Последната генерација) да таргетираат уметнички изложби.

Активисти фрлија брашно врз спортскиот автомобил насликан од Енди Ворхол/ Фото Handout / AFP / Profimedia

На 4 ноември демонстрантите фрлија супа врз сликата на Ван Гог во Рим, а на 15 ноември фрлија црна течност врз сликата на Густав Климт во Виена. Двете уметнички дела имаа стаклена заштита и не беа оштетени.

Активисти фрлија брашно врз спортскиот автомобил насликан од Енди Ворхол/ Фото: Handout / AFP / Profimedia

БМВ-то изгледаше како да е покриено со прашина од снег по нападот во петокот. Ворхол го насликал автомобилот во 1979 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот