ФОТО | Адријана Лима во провокативно издание на фестивалот во Венеција: Достоинствено ги истакна облините

Фото: Maria Laura Antonelli / Avalon / Profimedia

Познатата манекенка Адријана Лима со години е чест гостин на филмскиот фестивал во Венеција. Вчеравечер таа се појави во Мостра во интригантен црн фустан со блескави детали.

Славната Бразилка прошета по црвениот тепих на премиерата на филмот „The Killer“ во режија на Дејвид Финчер.

Покрај Адријана Лима на црвениот тепих се појавија и манекенката Роуз Бертам и телевизиското лице Хофит Гуран. Настанот сѐ уште се одржува и покрај штрајкот на холивудските актери и сценаристи, кој започна пред неколку месеци, па покрај бројните филмски детали, од Венеција пристигнуваат и модни приказни.

Адријана Лима позираше во фустан со широки ракави и потесен долен дел. Провокативноста на нејзиниот фустан дојде до израз кога се сврте, а задниот дел го откри нејзиниот гол грб и видливата долна облека, што дополнително беше нагласено со кројот на самиот фустан.

Познатата манекенка се обидува да го пронајде модниот стил кој најмногу и прилега во моментов. Лима им пркоси на критиките и испраќа порака дека се чувствува заводливо во сопствената кожа и успешно го докажува тоа.

Адријана Лима позираше на црвениот тепих заедно со Алберто Барбера, директор на 80. Филмски фестивал во Венеција.

Фото: Maria Laura Antonelli / Avalon / Profimedia
Фото: Maria Laura Antonelli / Avalon / Profimedia
Фото: Maria Laura Antonelli / Avalon / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот