Формула 1: Луис Хамилтон е блиску до договор со „Ферари“

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон е блиску до договор со „Ферари“, за кој би можел да вози од 2025 година.

Како што објави денеска шпанскиот „АС“, 39-годишниот Британец сака да биде во тим кој би можел да му обезбеди конкурентен болид за освојување на рекордната осма шампионска титула пред да му заврши кариерата.

Претходните години се шпекулираше дека Хамилтон може да се пресели во „Ферари“, а во „Мерцедес“ се зборуваше дека тоа се само гласини. Минатата година британскиот возач го продолжи договорот со „Мерцедес“ до 2025 година.

Во последните две години Хамилтон нема постигнато ниту една победа во Формула 1, чиј рекорд е 103 победи.

„АС“ објави дека Карлос Саинц ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната, бидејќи преговорите за продолжување на соработката пропаднаа. Тој е единствениот возач, кој не бил од тимот на „Ред Бул“, кој победил минатата сезона во Формула 1, на трката во Сингапур.

Хамилтон би возел во „Ферари“ заедно со Шарл Леклер, кој има повеќегодишен договор со славниот италијански тим. „Ферари“ последен пат ја освои титулата во конкуренцијата на возачите во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот