„Форд“ и „Рено“ ги здружуваат силите за производство на електрични возила за европски пазар
Американскиот автомобилски гигант Форд објави дека формирал партнерство со францускиот производител на автомобили Рено, со цел заедничко производство на прифатливи електрични возила за европскиот пазар. Компаниите проценуваат дека првото возило ќе пристигне на пазарот на почетокот на 2028 година и ќе ја означи почетната фаза од проширувањето на производите на Ford во Европа. Заедно со договорот за електрични возила, Ford и Renault потпишаа меморандум за разбирање за истражување на соработката во сегментот на лесни комерцијални возила во Европа, вклучувајќи можни заеднички програми за развој и производство- објави Пословни дневник.
Препорачано
– Стратешкото партнерство со Groupe Renault е важен чекор за Ford и ја поддржува нашата стратегија за изградба на успешен бизнис во Европа“, рече главниот извршен директор на американскиот гигант Ford, Џим Фарли.
Форд, исто така, ја повика ЕУ да биде прагматична во спроведувањето на својата наведена цел за прекин на продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.
-На потрошувачите треба да им биде дозволено да користат хибридни возила подолг временски период и не треба да бидат принудени да се префрлат пред да бидат подготвени, вели шефот на Форд за Европа, Џим Баумбик.


