Фото: МИА

Фондот за здравство не поставува нов систем – го поправа стариот

Фондот за здравство во одговор на прашањата на „Слободен печат“ дали е точно, дека морале да постават сосема нов систем бидејќи стариот им е непоправлив после хакерскиот напад, негира дека тоа е така. Наспроти тоа, се работи на враќање во функција на постоечкиот систем.

-Системите постепено се враќаат во функција, а сите анализи на експертскиот тим покажуваат дека не постои излевање на податоците од базите на Фондот. ФЗОМ има контрола врз системот, тимот моментално работи на отстранување на пречките со цел негово враќање во нормално функционирање. Клауд платформата е спремна за миграција, но таа не е почната и не беше почната пред сајбер нападот, велат оттаму.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот