Фон дер Лејен за труењето на Навални: Се повтори кукавичкиот чин, сторителите да се казнат

Фото: ЕПА

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен го осуди докажаниот напад со нервен агенс врз рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Таа рече дека од германската канцеларка Ангела Меркел ја добила информацијата дека Навални бил нападнат со нервен агенс во Русија.

-Се повтори кукавичкиот чин, што е за презир. Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата – рече Фон дер Лајен.

Властите во Берлин претходно ја повикаа Русија да го испита труењето на Алексеј Навални, откако клиничките тестови спроведени во Германија утврдија дека тој бил нападнат со нервниот агенс „Новичок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот