Фон дер Лејен: Северна Македонија и Албанија требаше да започнат со преговорите

Фото: ЕПА

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен веднаш по изборот на составот на Комисијата од страна на Европскиот парламент, пред новинарите изјави дека Северна Македонија и Албанија заслужија да започнат со преговори.

– Целосно сум убедена дека е во наш стратешки интерес да ги приклучиме земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите. Ние побаравме многу од овие земји. Сега треба да се убедат сите во Советот на ЕУ – рече претседателката на ЕК.

Според неа, легитимно е Советот да поставува прашање за процесот на проширувањето, но оти за двете земји новите правила не треба да важат.

– Го поздравувам тоа што процедурите за проширување се ставени на масата. Тоа е право на Советот. Но, за Северна Македонија и Албанија, од кои побаравме длабоко да се реформираат и трансформираат, заслужуваат да не ги менуваме правилата кои им ги дадовме претходно – рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот