Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL/POOL

Фон дер Лајен за Трамп: Замрзнувањето на царините е позитивен чекор за економијата

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави најавата на Трамп за замрзнување на царините.

„Последната одлука на Трамп означува важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, нагласува таа. „Јасните, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, рече таа во изјавата за Икс.

Таа додаде дека царините се давачки кои само им штетат на бизнисите и на потрошувачите. „Ова е причината зошто јас цврсто го поддржувам договорот за нулта царина меѓу Европската Унија и САД“, продолжи тој.

„Европската Унија останува посветена на конструктивни преговори со Соединетите Држави, со цел да се постигне мазна и взаемно корисна трговија. Во исто време, Европа продолжува да се фокусира на диверзификација на трговските партнерства, ангажирајќи се со земји кои претставуваат 87% од глобалната трговија и ја споделуваат нашата посветеност на слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи“, додаде Фон дер Лејен.

„Конечно, ги засилуваме нашите напори за отстранување на бариерите на нашиот единствен пазар. Оваа криза разјасни едно: во време на неизвесност, единствениот пазар е сидрото на нашата стабилност и отпорност. Мојот тим и јас ќе продолжиме да работиме дење и ноќе за да ги заштитиме европските потрошувачи, работници и бизниси. Заедно, Европејците ќе излезат посилни од оваа криза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот