Фон дер Лајен идната недела доаѓа во Скопје, ќе го претстави „енергетскиот“ пакет од милијарда евра за спас на регионот

Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во изјава по завршувањето на денешниот состанок на шефови на дипломатии одржан во Берлин во рамките на Берлинскиот процес, најави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го донесе идната недела во Скопје пакетот за енергетска поддршка.

-Имав можност да се видам и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој даде исклучително позитивна вест, а тоа е пакетот за енергетска поддршка којшто ќе биде најавен со доаѓањето на претседателката на Европската комисија следната недела во Скопје, пред се, помошта во делот на надминување на тековните проблеми во однос на снабдувањето со енергија и високите цени за индустријата и домаќинствата, изјави Османи.

Во своето излагање, министерот Османи, се посочува, се осврна на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и на мерките преземени за нивно поскоро решавање. Нагласи дека она што се смета за особено важно за нас е, од една страна, иницијативата за Берлинскиот процес да обезбеди поврзаност со ЕУ процесите, но истовремено и да се обезбеди меѓусебна комплементарност преку размена на позитивните искуства на земјите.

Во однос на билатералните средби, освен таа со Вархеји, ја посочи и средбата со неговиот бугарски колега Николај Милков.

-Имав важна средба и со мојот колега Милков од Бугарија, на која разговаравме за тековните случувања во односите помеѓу двете држави при што заклучивме дека никој од провокаторите да ја киднапираат важната агенда што сме ја договориле меѓу двете држави, вели Османи,

Тој нагласува дека договориле една агенда на позитивни случувања во наредниот период, како што вели, конструктивни проекти во односите меѓу државите како што се враќање на секторските работни групи одржување на бизнис форум наскоро во Скопје и во Софија, со цел да се врати позитивна динамика меѓу двете држави.

На состанокот на Берлинскиот процес министрите усвоија Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот