Флорентино Перез има нов „кралски“ план: Кимих е една од желбите на Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/Luca Piergiovanni

Лука Модриќ и Тони Крос ќе потпишат нови договори до следното лето со Реал, но сезоната 2023/24 најверојатно ќе им биде последна во Мадрид. Одамна е познато дека Џуд Белингем е првата замена, Англичанецот многу лесно би можел да пристигне летово од Борусија Дортмунд.

Втората „бомба“ е Џошуа Кимих, сигурни извори тврдат дека „кралевите“ ќе тргнат по Германецот следното лето, кога Модриќ и Крос ќе се пензионираат и дека клубот го гледа како идеален партнер покрај Белингем, заедно со Камавинга, Валверде и Чуамени.

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Кимих има договор до 2025 година, а доколку не го продолжи, на лето пред да истече, Реал би можел да го доведе како совршена замена за Крос. Тогаш ќе има 29 години, но ќе биде на врвот на кариерата и реално е дека има уште четири или пет сезони во своите нозе.

Идеите на Реал не завршуваат тука. Веќе е познато дека Реал летово ќе донесе нова „деветка“. Останува и Карим Бензема, но евидентно е дека не може да ги одигра сите натпревари и практично е единствениот вистински напаѓач. Алтернатива за него не можеше да биде Лука Јовиќ, а по неговото заминување Карло Анчелоти не ангажираше ниту еден напаѓач.

Анчелоти веќе му кажа на првиот човек на клубот Флорентино Перез дека во новата сезона бара уште еден напаѓач. Се шпекулира името на Рандал Коло-Муани, а за неговите услуги Ајнтрахт Франкфурт бара 80-100 милиони евра, а го следат и Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Ако се земат предвид бројките, односно пазарните вредности, кога сè ќе се собере, Перез за овие негови најголеми желби би требало да плати околу 300 милиони евра. Играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе сè уште спорадично се споменува, од синоќа повторно, но посигурни извори веднаш реагираа и демантираа дека Реал го посакува. Перез е импресиониран од Винисиус и чувствува дека Мбапе не може да игра на позицијата лево крило, што му е негова омилена позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот