Реал Мадрид ја најде замената за Бензема во Ајнтрахт Франкфурт?!

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Карим Бензема најверојатно влегува во својата последна сезона, 2023/24 во дресот на Реал Мадрид и претседателот на клубот Флорентино Перез планира адекватна замена.

Според последните информации, Реал влезе и во трката за Рандал Коло Муани кој го брка половина Европа. Французинот блеска во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, па не е ни чудо што го посакува и Баерн Минхен, а се споменуваат и Манчестер јунајтед и Челси.

Од бундеслигашот бараат 100 милиони евра како надомест за услугите на својот 24-годишен играч кој има важечки договор со германската екипа до 30 јуни 2027 година.

Според шпанските медиуми „кралевите“ се подготвени да понудат 80 милиони евра. Сезонава до сега во Бундеслигата од 29 настапи запиша 13 голови.

Манчестер јунајтед и Баерн Минхен исто така ја следат ситуацијата со Коло Муани, практично не се знае кому му е потребна нова „деветка“, Ерик тен Хаг или Томас Тухел, иако двајцата гледаат и кон членот на Наполи, Виктор Осимен, кој според „Трансфермаркт“ вреди 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот