Фламингосите го обоија градот во розево: Илјадници птици уживаат во мирот и тишината без луѓе! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Огромен број фламингоси долетаа во Мумбај, западна Индија, а нивните фотографии станаа хит помеѓу љубителите на птиците на социјалните мрежи, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Како и поголемиот дел од светот, поради рестриктивните мерки и луѓето во Индија се затворени во домовите поради коронавирусот

Дека сите „висиме“ на социјалните медиуми повеќе од вообичаено навистина и не е така чудно, но она што многу се споделува на социјалните медиуми деновиве е уникатните фламингоси кои поради големиот број создадоа „розево море“ во индискиот грај Мумбај.

Розевите птици почнаа да се собираат во најголемиот град во Индија во зачудувачки број. Пребројувањето во јануари годинава вели дека има над 20.000 фламингоси во градот, што е за трипати повеќе во овој период од годината, сметано при последните четири децении. 

„Фламингосите започнаа да мигрираат во Мумбај во 80-тите и 90-тите“, вели Рахул Кот, помошник директор на Природно-историското друштво во Мумбај, една од најстарите научни институции во Индија.

Записите покажуваат дека оттогаш нивниот број се движи меѓу 30.000 и 40.000 секоја сезона“, вели Кот и открива: „Од шесте видови на фламинго во светот, во Мумбај доаѓаат поголеми фламинго птици (повисоки се, со црно-розов клун) и скоро загрозениот помал вид на фламинго птици (пократки, со темен, пурпурен клун).“

Птиците пристигнуваат во Мумбај од северо-запад, од Куч во Гуџарат и езерото Самбар во Раџастан. Се верува дека помал број птици летаат од Пакистан, Авганистан, Иран и Израел. За некои се смета дека потекнуваат од Франција. Во Мумбај, повеќето се населуваат во Тан Крик, дом на околу 200 видови птици. Може да се забележат и на помали мочуришта.Тие традиционално долетуваат на ова подрачје за да се хранат од септември до мај, истакна Кот за Гардијан.

 

 

Погледнете ја спектакуларната атмосфера:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот