ФИТР: До трети јули продолжен рокот на јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19

До 03.07.2020 се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за брзо прилагодување на КОВИД-19, соопшти денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Како што информира ФИТР, апликации може да се поднесуваат до трети јули до 14:00 часот.

-Овој повик  е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење, а рокот се продолжува поради голем интерес и над 2.000 симнати апликациски пакети, на барање на домашните компании, но и поради зголемен прилив на апликации на последниот ден за аплицирање поради што настануваат и технички проблеми, наведува Фондот.

Иницијалниот буџет на јавниот повикот е 200 милиони денари. Финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1,5 милиони денари за мали и до три милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70% од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30 отсто се средства кои ги обезбедуваат самите компании.

Средствата може да се наменат за инвестиции во дигитализација и ИТ системи, реорганизација на работата, унапредување на производите и услугите, набавка на опрема, како и заштитни мерки за работниците. Со мерката се опфатени компании што во последните две години од работењето немаат регистрирано загуба, освен старт-ап компании до три години постоење, кои се изземени од овој услов. Оваа развојна мерка е подготвена во соработка со Светската банка.

Новина во повикот се и критериумите за оценување, во делот на поттикнување на учество на компании со жени во управувачката односно сопственичката структура. Исто така, посебен систем за бодување е предвиден за компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот