Финска планира да изгради бариери на границата со Русија

Фото: Profimedia

Финската влада планира да го измени граничното законодавство за да дозволи изградба на бариери на нејзината источна граница со Русија, сакајќи да ја зајакне подготвеноста против хибридните закани од страна на нејзиниот сосед.

Финска, која моментално аплицира за членство во воената алијанса НАТО, има историја на војни со Русија, иако моментално граничната зона покриена со шума меѓу двете земји е означена само со знаци и ленти.

Финската влада побрза да ја зајакне граничната безбедност бидејќи се плаши дека Русија би можела да се обиде да изврши притисок врз неа, со испраќање баратели на азил на нејзините граници – како што Европската унија ја обвини Белорусија дека сторила на крајот на минатата година, кога стотици мигранти од Блискиот Исток , Авганистан и Африка заглавија на полската граница.

Владините измени на законот вклучуваат предлог да се овозможи концентрирање на приемот на барањата за азил само на одредени влезни точки.

Според постојните правила на ЕУ, мигрантите имаат право да побараат азил на која било влезна точка во земја-членка на ЕУ.

Амандманите, исто така, ќе овозможат изградба на бариери како што се огради, како и нови патишта за да се олесни патролирањето на границата на финската страна.

„Подоцна, владата ќе одлучи за граничните бариери до критичните зони на источната граница, врз основа на проценката на финската гранична стража“, рече во изјавата министерката за внатрешни работи Криста Миконен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот