Финалната вечер на јубилејниот „Таксират“ ќе се одржи во Арена „Борис Трајковски“

Флаер со учесниците на финалната вечер на 25. „Таксират“

Главната вечер на музичкиот фестивал „Таксират“ ќе се одржи на 7 декември, а со овој настан и официјално ќе биде затворено јубилејното 25-то издание на македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал.

На финалниот настан на јубилејниот „Таксират“, кој ќе се одржи во Арената „Борис Трајковски“, публиката ќе има прилика да ужива во повеќе од 10 концерти и настапи кои паралелно ќе се одвиваат на три бини, а на кои ќе се претстават скоро 20 музички изведувачи.

Главната вечер годинава ги собира „Таксират“ резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на „Таксират“ или уште поважно, музичката екипа која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот.

Покрај нив, скопската Арена „Борис Трајковски“ е збирно место и на новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна и транскултурна електронска сцена.

Во листата со изведувачи се македонскиот маестрален музички уметник Кирил Џајковски, „Даб Ефекс“ од Австралија, „Ејсид Араб“ од Франција, но и најуспешниот регионален состав „Дубиоза Колектив“, како и популарните „С.А.Р.С.“, Страјк, „Смат“, „Лет 3“ и други.

Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19.30 часот, a почетокот на програмата е во 20.30 часот.

Распоред на концертите на главната вечер на „Таксират“

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ:

– Влезот за посетители ќе биде отворен од 19.30 часот;

– Една влезница важи за целата програма и овозможува пристап до сите бини на Фестивалот;

– За да се избегнат гужвите при влез на настанот, апел до сите да пристигнат што порано, односно најмалку еден час пред настапот кој не сакаат да го пропуштат;

– Танте картичките се официјалното платежно средство на „Таксират“ и тие се користат за плаќање на сите продажни пунктови на Фестивалот. Доколку немате Танте, ќе можете да ја купите на самиот настан на посебно означените места за таа цел;

– Сите кои купиле билети онлајн, не треба да направат замена на ваучерите за билети, туку треба само да го приложат ваучерот (ПДФ документот во нивниот и-мејл) при влез на Фестивалот. Важно е бар-кодот да биде јасно читлив;

– Во случај на било каков проблем при онлајн купување на билетите, контактирајте го тимот за техничка поддршка преку и-меил на [email protected];

– на 7 декември, од 17.30 часот, билети ќе се продаваат и на билетарницата пред Арена „Борис Трајковски“, по нивната полна цена: 1.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот