Финалето во Лигата на Европа ќе се игра пред речиси 10.000 навивачи
Највеќе 9.500 навивачи ќе може да присуствуваат на финалниот натпревар во Лигата на Европа кој оваа година ќе се игра во полскиот Гдањск, објави УЕФА откако доби дозвола од локалните власти.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што наведе УЕФА, полските власти дозволија стадионот во Гдањск да биде исполнет до 25 проценти од вкупниот капацитет (40.000 седишта) за натпреварот кој ќе се игра на 26. мај.
Еден финалист е речиси познат, тоа е Манчестер јунајтед кој во првиот полуфинален натпревар со убедливи 6:2 ја совлада Рома, додека во второто полуфинале Виљареал на реваншот во Лондон против Арсенал оди со предност од 2:1.
УЕФА потврди дека на натпреварот во Гдањск ќе може да дојдат и навивачи кои не живеат во Полска, а секој од клубовите финалисти ќе добие по 2.000 билети за своите навивачи.
Уште 2.000 билети ќе бидат пуштени во продажба за локалните полски навивачи, додека останатите 3.500 билети УЕФА ќе им ги подели на своите комерцијални партнери, на носителите на ТВ правата како и на фудбалските федерации.
„Навивачите кои сакаат да дојдат во Полска ќемора да ги почитуваат здравствените протоколи на оваа држава и тоа без исклучок“, соопшти УЕФА.


