Филмски сцени во полициска станица во Косово: Бегалец се предаде како Џејмс Бонд
Сцени од синоќа во полициската станица во Ѓаковица, Косово, потсетувале на акциони филмови за Џејмс Бонд. Бегалецот Лиридон Подримја се предал на полицијата држејќи бомба во рака, објави Телеграф.рс.
Препорачано
Драмата што се случи синоќа во Ѓаковица ги оставила во шок дури и искусните припадници на полицијата. Лиридон Подримја, по кој била распишана потерница, одлучил да се предаде, но тоа го направил на најризичниот можен начин – носејќи активна рачна граната.
Тој влегол во отворениот простор на станицата со бомба во рака, што му било дозволено од полицијата за да се избегне ненадејна реакција на јавно место.
Поради огромниот ризик бомбата да експлодира во зградата и да предизвика катастрофални последици, полицајците успеале брзо да го изнесат од зградата.
Дури откако биле обезбеден безбеден периметар, биле преземени мерки за негово разоружување и апсење.
Она што го прави овој случај уште побизарен е фактот што ова не било првпат Подримја да ги користи истите методи. Неофицијално, се дознава дека тој веќе им се заканувал на полицајци со истата бомба пред неколку месеци за време на интервенција на терен.
Осомничениот е приведен и е обвинет за предизвикување јавна опасност, нелегално поседување оружје и попречување на службени лица во вршењето на нивните должности.
Овој инцидент покрена сериозни прашања за безбедносниот протокол на полициските станици и како вооружено лице успеало да навлезе толку длабоко во институцијата пред ситуацијата да биде ставена под контрола.


