Филиповска-Грашкоска: Спроведени вкупно 1.346 надзори, затворени 4 угостителски објекти

Претседателката на инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска одржа седма редовна прес-конференција за активностите на шесте инпекциски служби за период од 6 до 8 април.

-Спроведени се вкупно 1.346 надзори, од кои 547 се од страна на државниот пазатен инспекторат. Еден дел се однесуваат на контролата на угостителските објекти, при што се затворени 4 објекти во Битола, Гостивар и Тетово.

Пазарниот инспекторат интензивно ги контролираше кафематите, при што забрани 40 кафемати во Скопје, Охрид и Гостивар. Дополнително се вршеа контроли на замрзнатите цени на оредени производи и при спроведените контроли е констатирано зголемување на цени, при што е соодветно постапено и се вратени цените од 11 март.

Од АХВ се спроведени 164 надзори и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници и пазари и спроведени се 6 мерки едукации и 7 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба.
Од страна на државниот инспекторат за транспорт се напрваени 114 надзори, меѓуопштинскиот сообраќај е намален за 90 отсто, а од направените контроли на автобуските станици е потврдено дека се почитува одлуката за 50 отсто намален капацитет на патници. Меѓународниот линиски превоз е во целосен прекин.

Прочитајте и...  Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за опоравување на економијата

Од Агенцијата за лекови и медицински помагала се спроведени 43 контроли и е констатирано дека нема специфични отстапувања.

Од Инспектораттот за труд се извршени 422 надзори, донесено е 1 решение и 11 укажувања за работодавачи кои не ја почитувале одлуката на владата да дадат платено отсуство на родители на деца помали од 10 години, самохран родител, бремени жени или хронично болни лица.

Државниот здравствен и занитарен инспекторат изврши 56 надзори, издаде 57 дозволи на возачи за непречено спроведување на транспортот во услови на Ковид-19, реше Филиповска-Грашкоска

Прочитај повеќе

Угостителите ги очекуваат протоколите за работа, се надеваат на измени

Слободен печат

„Изи џет“ и „Рајанер“ се враќаат во Италија

Слободен печат

Во Србија од 1 јуни се дозволени собири до 1.000 луѓе на отворено и публика на натпревари

Слободен печат

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април”

Слободен печат

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за опоравување на економијата

Слободен печат

Тадиќ ќе излезе на локалните избори, но ќе ги бојкотира парламентарните

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лекарите незадоволни од укинувањето на рестрикциите: Враќањето во нормала преку ноќ, ќе донесе нови заболени и нови жртви

Мими Шушлеска Петкова

Илјадници маски завршија на плажа во Сиднеј

Слободен печат

Мицкоски: Наместо намалување, ќе имаме зголемување на јавниот долг од 1,8 проценти за првите четири месеци

Слободен печат

ЕЦДЦ: Затворањето на границите не придонесува во спречувањето на ширењето на коронавирусот

Слободен печат

Владите ширум светот издвоија 123 милијарди долари за помош на авиокомпаниите

Слободен печат

Сообраќајка во Тетово, повредени шестгодишно дете и неговата мајка

Слободен печат