Филипинка за златниот медал е наградена со половина милион евра и два стана

EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Филипинката Хидилин Дијаз освои историски златен медал за својата држава во кревање тегови и го прекина периодот од дури 97 години колку што оваа држава чека на злато на Олимписките игри.

Нејзините сонародници се воодушевени од успехот на Дијаз која за својот успех ќе биде богато наградена.
Како награда за златниот медал освоен на Игрите во Токио, Хидилин Дијаз ќе добие 33 милиони пезоси, или околу 550.000 евра.

Исто така Дијаз од компанијата за недвижнини „Мегаворлд“ која е во сопственост на милионерот Ендрју Тан, ќе добие стан во Иствуд сити, луксузна населба во градот Квезон сити.

– Овој епси момент се чекаше 97 години и ова е наш начин да и се заблагодариме на Хидилин која не направи сите горди – изјави претставникот на конпанијата, Кевин Тан.

Олимписката шампионка ќе биде наградена со уште еден стан и тоа во главниот град, Манила.
Хидилин Дијаз го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 55 килограми и тоа со подигнати 224 килограми, што претставува нов олимписки рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот