Филипче: Заменик министерката за финансии Димитриевска-Кочоска месец дена кочи проект вреден 90 милиони евра

Околу еден месец дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска го кочи проектот за справување со коронавирусот вреден 90 милиони евра, средства од Светската банка кои, меѓу другото, се наменети за кревети за интезивна нега за сите инфективни одделенија во државава, за лабораториски капацитети.

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче при што информираше дека Димитриевска-Кочоска неколку пати испраќала барање до Министерството за здравство за објаснување за што ќе се употребат средствата и исто толку пати и било одговорено.

Според Филипче, прашањата на заменичка министерка за финансии и се повторуваат, а со таа нејзина постапка на одолговлекување, не се одобруваат средствата за здравствениот систем, односно за ургентна поддршка за зајакнување на капацитетите  за третнам на ковид пациенти.

– Средствата што се одобрени, а не ги одобрува Димитриеска Кочоска, ќе помогнат да ги опремиме сите инфективни оделенија во државава, пред се со интезивни кревети, машини за сликање, лабораториски капацитети и друго. Има еден дел од средствата за едукација на лекарите, потоа за надградување на епидемиолошките центри со комплемнта опрема, односно овие средства се за сите аспекти кои ги покрива коронавирусот, појасни Филипче.

Министерот информираше дека за овој кредит кој е одобрен од Светската банка, тој претходно имал конференс-кол со генералниот директор на Светската банка, од каде први ни излегле во пресрет и во рекорден период го одобриле кредитот. Брзото одобрување, според Филипче, се должи на потребата за зајакнување на капацитетите во борбата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот