Филипче: Врвен експерт од Србија ќе врши промена на полот, трошоците ќе бидат на сметка на Фондот

Од пред неколку месеци врвен експерт од Србија е на расолагање на трансџендер хирургија за операции на сметка на фондот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филпче кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Министерот нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. На Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

– Тие интервенции кои досега се плаќаа приватно ќе се прават на клиниката за детска хирургија – објасни Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот