Филипче: Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека состојбата со пандемијата е крајно сериозна и дека здравствениот систем е максимално мобилизиран.

Тој изјави дека службите за итна помош се под голем притисок, но додаде дека чекаат три возила како донација од Кина кои би требало да бидат доволни за сега.

– Минатата недела веќе го зголемивме капацитетот со 400-500 тестови. Сега ги вклучуваме и брзите тестови кои ќе се прават во пунктовите во Здравствениот дом и во болниците. Дополнителни шест пункта ќе работат во Скопје, односно дополнителни 500 термини ќе бидат на располагање само во Скопје – рече Филипче.

Тој исто така информираше дека се пристигнати вакцините за грип, а дека по нивната дистрибуција за време на викендот, од вторник ќе започне вакцинацијата.

– Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран за одговор на побарувањата – изјави Филипче.

ВИДЕО | Филипче: Експлозија на вирусот – обезбедуваме дополнителни кревети за болните на Клиниката за интерни болести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот