ВИДЕО | Филипче: Експлозија на вирусот – обезбедуваме дополнителни кревети за болните на Клиниката за интерни болести

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конфренција информираше за алармантата состојба со пандемијата од коронавирус и во светот и кај нас.

– Има 11,8 милиони заболени во светот, пораст од 46 отсто на бројот на починати во Европа, секаде во светот, во регионот и во Европа состојбата е загрижувачка, дојде до експлозија на вирусот насекаде, рече министерот.

Тој го презентираше Планот за обезбедување на дополнителни капацитети и во функција на лекувањето на болните од ковид-19 ќе биде ставена целата Клиника за интерни болести, почнувајќи од приземните каде се сместени Дерматовенерологија и неврологија кон горните катови – нефрологија, гастроентерохепатологија.

-Целосно се пополнети капацитетите на Инфективната клиника како и во модуларната болница, а празни места во моментов има во Центарот за белодробни болести. Интерната клиника иако ќе стане ковид-болница во неа ќе продолжат да се реализираат прегледите од Мој термин, нагласи министерот.

Тој додаде дека Планот предвидува, ако се исполнат овие 150 болнички кревети, ќе се помине кон сместување на заболените од ковид -19 во Клиниката за ОРЛ и Очната клиника каде ќе се обезбедат  околу 100 болнички легла.

Филипче нагласи и при ова сценарио нема да се наруши и нормалното функционирање на овие болници.

Според министерот во моментов во Градската општа болница „8 Септември“ се уште има празни околу 100 места без да се наруши останатиот здравствен процес во болницата.

Филипче: Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот