Филипче: Празничните собири да изостанат, тоа е инвестиција во здравјето

Фото: Принтскрин

Тој упати апел празнични собири да нема, односно дека така ќе го заштитиме своето здравје.

На денешната онлајн прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче, повторно порача дека е значајно велигденските празници да ги поминеме дона.

– Оваа година Велигден го прославуваме на поинаков начин. И јас за да ги заштитам моите најблиски празникот ќе поминам сам, изолиран од семејството. Секој од нас носи огромна одговорност – порача министерот.

Тој упати апел празнични собири да нема, односно дека така ќе го заштитиме своето здравје.

– Празничните собирања треба да изостанат, тоа е инвестиција во здрајвето. Да се биде дома значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи – изјави Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот