Филипче: Не може сите да се заклучиме дома поради антиваксерите

Венко Филипче, министер за здравство. / Фото: Слободен печат

Не можеме да страдаме поради невакцинираните и да живееме затворени, рече Филипче и најави можни ограничувања од есен

„Треба да се вакцинираат двојно повеќе луѓе од оние што досега се вакцинирани, за да постигнеме колективен имунитет“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Досега се вакцинирани околу 450 000 граѓани, од кои 270 000 се и ревакцинирани.

„Најголем опфат има во поголемите градови, околу 30 проценти во Скопје, 40 во Битола и Охрид, во Куманово помалку. Тоа е една табела што денеска ќе ја споделиме. Ние ќе продолжиме да го држиме системот со вакцинација активен како што е сега во смисла на тоа сите пунктови да се отворени, граѓаните се пријавуваат без термин, вакцини има доволно“, додаде Филипче.

Филипче повторно укажа дека вакцината штити од посериозни последици и хоспитализација во случај некој да се зарази од коронавирусот.

Пет нови случаи на делта сојот во Скопје, Куманово и Тетово

Филипче повтори дека вакцинацијата не е задолжителна, но здравствените власти размислуваат да воведат одредени ограничувања од септември или октомври.

„Сепак, не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинирал. Не можеме да живееме затворени, затоа е и вакцината измислена“, потенцира Филипче.

Тој оценува дека индискиот сој е агресивен и прилично бргу се шири, а искуствата на некои земји покажале дека висок процент од заразените се невакцинирани.

Србија наскоро очекува и по 1000 заразени дневно, се бараат порадикални мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот