16 C
Скопје

Филипче: Не бев нападнат, туку граѓанинот бараше помош

Обезбедувањето на Министерството за здравство утринава викнало полиција зашто вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот за здравство Венко Филипче, дознава Слободен печат.

Министерот Венко Филипче ни рече дека не дошло до напад, туку дека човекот бил вознемирен затоа што имал мака.

– Рече дека не го примале во болници, па бараше помош. Не дојде до никаков напад, обезбедувањето се вознемирило и повикало полиција превентивно. Граѓанинот дојде со документи и бараше помош за здравствена состојба. Јас го примив, поразговаравме, го упатив каде да оди, си имаше мака, му дадов телефон да ме бара и подоцна да видиме што ќе направи во болница, ни рече Филипче.

Прочитајте и...  Сотироски испрати честитка во пресрет на рамазанските пости

Според полициската белешка, утринава во 7 часот и 15 минути од Одделот за обезбедување пријавено е машко лице како седи на скалите пред Министерството за здравство. Од Страна на полициска станица Центар испратена е служба која констатирала дека се работи за лицето А.А. родено 1987 година. Лицето кај себе немало оружје.

Лицето се состанало со министерот за здравство разговарале за некој проблем што го имал на една од клиниките и потоа си заминало, стои во полициската белешка за настанот.

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар