Филипче најави протокол од 4 дела за спроведување на изборите, предлогот ќе го достави до Спасовски и Пендаровски

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека на барање на претседателот Пендаровски Комисијата за заразни болести изработи протокол за изборната кампања за целокупниот процес на гласање. Овој протокол беше едногласно поддржан од сите членови на комисијата и истот мора целосно да се спроведува.

Тој произлегува од генералните препораки, дополнително предидува мерки и ограничувања, поединечни активности на партии, организација на собири и здравствениот протокол за денот на гласањето. Тој е составен од 4 дела и истите ќе бидат доставени до премиерот Спасовски и претседателот Пендаровски.

Согласно генералните препораки, одржување на сите активности на партиите треба да се одвиваат исклучително со почитување на физичката дистанца, носење заштитна маска и често миење на рацете и дезинфекција.

За спроведување на кампањата предлозите се, при одржување на било какви собири мора да се почитуваат сите овие мерки. Собирите на отворен и затворен простор секогаш да ги почитуваат овие мерки и согласно бројот на учесници. Дури и за помали собири да се користат разгласни уреди за озвучување за да се избегне концентрирање на луѓето на помал простор.

Кампањата врата на врата мора да се води според истите протоколи. Партиските активности во штабовите ако може да се одржуваат на отворено, задржување во просториите не треба да е повеќе од 2 часа и да се врши редовна дезинфекција.

Штандовите да не служат како место за собирање голем број граѓани и да нема голем број активнисти, најмногу двајца.

Партиски превоз мора да е до 50 отсто и сите внатре да се со заштитна опрема и превозниците да обезбедат дезинфекциски средства.

За денот на гласањето, просторијата мора да се проветрува постојано, да има средство за дезинфекција, дистанца од 2 метри додека се чека, подавање на лична карта се трга маската и држат дистанца, по гласањето пак се дезинфицираат рацете. Просторијата да нема повеќе гласачи од боксовите за гласање. Препорачано е зголемено време за гласање од плус 2 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот