Венко Филипче - Претседател на СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Венко Филипче - Претседател на СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Филипче: Мицкоски вели дека работниците не мора да одат на одмор, следно ќе каже – не мора да јадат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека премиерот Мицкоски, наместо да им помогне на граѓаните со конкретни мерки во овој период на ценовни шокови, „им држи лекции како да живеат, само за да не ја покачи минималната плата“.

„Погледнете ги цените во маркетите, погледнете ја цената на струјата. Енормно поскапеа горивата. Што да прават луѓето? Мицкоски вели не мора да одат на одмор. Следно ќе каже не мора ниту да јадат. Ќе ве потсетам дека рече за луѓето што работат во државната администрација дека се одлично платени колку што работат. Тој ќе проценува колку кој работи, па тој ќе одредува кој колкава плата може да добие“, рече Филипче.

Филипче ѝ порача на власта „да скрати од својот луксуз, бидејќи во буџетот има ставки од каде што може да се обезбедат пари за 600 евра минимална плата.

„Мора да се скрати од луксузот на функционерите, од опремувањето канцеларии и купувањето мебел. Не може да има за нов авион за туристички патувања, во Сплит на море, Будимпешта и Белград кај нивните шефови, а работниците да немаат за леб. Не оди. Единствената дисторзија е во нивниот луксуз и во нивните џебови! Никаде повеќе. Ние дадовме конкретен предлог како со сегашниот буџет да се дојде до минимална плата од 600 евра за работниците, но и за работодавачите да не бидат оштетени, туку напротив, двете страни да бидат задоволни. Владата го одби предлог-законот“, рече Филипче.

ВИДЕО | Предвремени избори ќе има, власта нема да знае кај да бега, вели Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот