Филипче: Кротката убавица Бојана како лавица го победи карциномот (ВИДЕО)

Фото: ScreenShot/Twitter

Министерот за здравско Венко Филипче на социјалните мрежи објави видео од уште една млада пациентка која го победи карциномот во текот на лекувањето на Детската клиника.

„Една кротка убавица, покажа дека е лавица! Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сѐ што сакаш само посакај!“, велат од Клиниката за детски болести.

Бојана е едно од децата кои победија карцином.

„И посакувам секогаш да е насмеана, здрава, среќна. Благодарност до установата, која повторно ги враќа насмевките на нашите најмили и нивните родители!“, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот