Филипче ќе ги соочи двајцата директори на Гинекологија, откако економскиот обвини за криминал

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека ќе ги соочи двајцата директори на Клиниката за гинекологија, откако економскиот директор на оваа клиника Валон Беља на Фејбук ја обвини стручната директорка Викторија Јовановска за незаконски спроведени јавните набавки.

-Крајно е несоодветно да се комуницира на таков начин да се изнесуваат обвиненија, не доликува на луѓето кои извршуваа сериозни функции и ја нарушува довербата во здравствениот систем. Денеска ќе има средба со двајцата директори. Сакам да ги изнесат двајцата аргументите па ќе видиме што е суштината на недоразбирањето – рече Филипче.

На прашањето дали Беља е соодветен профил за директор ако се земе во предвид дека има кривични пријави за други случаи и дека беше пукано во него, Филипче рече дека не сака да коментира она што се однесува на други институции.

Економскиот директор во пост на Фејсбук ја обвини својата колешка Јовановска дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство. На ова Јовановска врати дека нема да коментира објави на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот