Филипче го разреши економскиот директор на Гинекологија - Слободен печат
ВестиМакедонија

Филипче го разреши економскиот директор на Гинекологија

Економскиот директор Беља, во пост на Фејсбук вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го разреши економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља.

Филипче за Канал 5 потврди дека го разрешил економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља поради несоодветно однесување.

Економскиот директор Беља, во пост на Фејсбук вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.

Јовановска денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што рече, изнесените невистини и откри дека во позадината на случајот стои барање од Беља да ангажира негови луѓе од Општината Чаир.

,,Tој од мене бараше на двајцата негови советници, кои се на платен список во Oпштина Чаир, а кај нас на Kлиниката се веќе шест месеци ангажирани со  договор на дело, да им ги продолжам договорите, а во спротивно ќе пуштал „бомби“ – вели директорката Јовановска.

Попладнево министерот Филипче ги сослуша двете страни, директорката на Гинекологија Јовановска и Ваљон Беља, по што го разреши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close