Филипче: Црвениот крст е еден од најсериозните партнери во менаџирањето на здравствената криза

Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска присуствуваше на настанот на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина, од каде истакна дека се проширува програмата во рамките на министерството и дека и понатаму ќе продолжи во континуитет да се напредува програмата.

Тој нагласи дека Црвениот крст е еден од најсериозните партнери во менаџирањето на здравствената криза.

– Минатата година програмата беше зголемена за 20%, со таа динамика ќе продолжиме и понатаму, бидејќи Црвениот крст навистина го заслужува тоа. Црвениот крст е еден од најсериозните партнери кои што ги имаме во текот на менаџирањето на оваа криза, како во волонтерските акции, така и во одржувањето на нашиот систем во ковид центрите, но посебно сега во процесот на спроведување на масовната имунизација, во буквално сите пунктови ширум државата. Ние и понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме институтот за трансфузиологија. Само изминатата година со целосното реновирање на фрижидерите и целосната опременост на просториите каде што сега се чуваат голем дел од вакцините. Ги достигнува сите карактеристики на врвен европски центар кој ги има задоволено највисоките стандарди, истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот