Филипче – Бертолини: Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството

Министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретна со Никола Бертолини, шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, се разговараше за десет-годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

– Го финализираме стратешкиот документ – 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор. Во тек е и финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести – истакна Филипче.

Прочитајте и...  Вучиќ најави комплетна ревизија на податоците на бројот на починати од ковид-19

Со помош на ЕУ, додаваат од Министерството, се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести ковид-19 преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу четири милиони евра.

Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи од Унијата добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40 илјади парчиња разна медицинска опрема, 30 илјади заштитни маски за лице, сто илјади хируршки маски, 750 илјади хируршки ракавици, 20 илјади заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор“, се наведува во соопштението.

Министерот Филипче се заблагодарил за целокупната поддршка која ЕУ и ја дава на државата низ годините, особено во изминативе месеци со справувањето со пандемијата Ковид-19.

Прочитајте и...  И стар автомобил не може да се купи без кредит

Прочитај повеќе

Роденденско изненадување во Берлин: Михаел Рот го пречека Димитров со торта и свеќичка (ВИДЕО)

Слободен печат

Решение на Општина Центар: Рок од три дена за отстранување на челичната конструкција пред гостилницата „Аманет”

Слободен печат

Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите

Весна Тодоровска

ВМРО-ДПМНЕ на мисла да иницира постапка за импичмент на претседателот Пендаровски

Слободен печат

Песков во име на Путин: Тврдењата на Навални се навредливи и неприфатливи

Слободен печат

Иран на секои 23 секунди пријавува нов случај на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

И стар автомобил не може да се купи без кредит

Весна Дамчевска

Меркел: Дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција

Слободен печат

Мишел: Потребна е поголема безбедност и предвидливост за ситуацијата во источен Медитеран

Слободен печат

Важно за читателите на „Слободен печат“!

Слободен печат

Алармантно во Москва, неделно во болница завршуваат по 5.000 заразени од ковид-19

Слободен печат

Македонски офицери ја завршија мисијата во Авганистан и остварија средби со Заев и Шекеринска

Слободен печат