Филипче: Агатангел да го повлече повикот до верниците за Задушница

Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче откако епископот на Повардарската епархија Агатангел ги повика верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница.

„Со оглед на новонастанатата состојба во нашата држава, а заради пандемијата со ковид-19, која се однесува на забраната за посетување на гробните места за денот на покојните – Духовденска задушница, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите 5.6.2020 (петок) и 6.6.2020 (сабота), во периодот од 8 до 14 часот, да дојдат во храмовите (дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели“, се вели во соопштението на Епархијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот