Агатангел ги повикува верниците да се собираат во црквите

Повардарската епархија, на чело со владиката Агатангел, ги повикува православните верници од местата што се под таа епархија утре и во сабота да одат во црквите, бидејќи има забрана за одење на гробишта за Задушница како мерка против ширењето на вирусот.

„Со оглед на новонастанатата состојба во нашата држава, а заради пандемијата со ковид-19, која се однесува на забраната за посетување на гробните места за денот на покојните – Духовденска задушница, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите 5.6.2020 (петок) и 6.6.2020 (сабота), во периодот од 8 до 14 часот, да дојдат во храмовите (дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели“, се вели во соопштението на Епархијата.

Овој повик за масовно собирање на верниците во црквите доаѓа во момент на вонредна состојба и полициски час во целата држава, како и тридневен карантин во најзагроните општини, како и во момент кога епидемијата урива рекорди во бројот на заразени на дневно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот