Филипче: 8200 ученици од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за присуство на вирусот ковид-19

Ученици / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со согласност од родителите, учениците во основните и средните учениците ќе бидат тестирани за присуство на вирусот ковид-19. Во методологијата се опфатени околу 8200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скрининот да трае пет дена и дневно да се тестираат по околу 1600 деца, во самите училишта каде што мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на е-дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање. Овој процес би требало да заврши оваа недела, најдоцна на почетокот на следната, и во текот на следната недела да се започне тестирањето на учениците, рече Филипче на новинарско прашање.

Тој појасни дека постапката ќе биде со земање најобичен брис.

– Не очекувам отпор, се надевам дека ќе разберат, ќе ја поддржат целокупната оваа акција со цел да имаме еден пресек. Ќе добиеме навистина важен податок за евентуално трансмисија на вирусот во училиштата. Очекуваме да го завршиме за временски период од 10-ина дена до две недели, рече Филипче.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца, како што наведуваат од Министерството за здравство, ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

Извор: МИА

Филипче: Трета доза може да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Видео на денот