Филип Стојаноски е најсреќниот прилепчанец кој го фати светиот крст

Стојаноски е среќен и вели дека осум пати учествувал, а вторпат е најбрз и го фаќа светиот крст.

Дваесет и шестгодишниот Филип Стојаноски е најсреќниот прилепчанец, кој го фати светиот крст денеска на Богојавление – Водици од осветените води на базенот при Аквапаркот на хотелот „Салида”.

Стојаноски е среќен и вели дека осум пати учествувал, а вторпат е најбрз и го фаќа светиот крст.

– Многу сум среќен и на сите им посакувам здравје и благосостојба. Ова година се надевам дека ќе ме следи среќата. Осум пати учествувам, а пред четири години првпат го фатив светиот крст. Ми донесе здравје, среќа, вработување, работам во Армијата. На сите православни христијани им го честитам Богојавение – Водици. Се надевам дека и годинава ќе ме следи среќата, па и можеби да се оженам, среќно изјави Стојаноски.

Годинава се пријавија 110 прилепчани, од кои шест девојки. Помеѓу пријавените кои сакаа да стигнат до светиот крст најмладиот има 10, а највозрасниот 50 години. Помеѓу шестете девојки е и Билјана Јандреска Андоноска, мајка на двегодишно дете. Ова и е третпат што учествува, а вели поводот е за здравје и спасение.

– Секогаш се надевам дека еднаш ќе го фатам светиот крст. Мотивот е за здравје и спасение, бидејќи самото влегување во светите води носи здравје и досега никој не се разболел и покрај студеното време. И токму затоа мислам дека е најбитното да се влезе во осветените води, вели Јандреска Андоноска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски посака здравје и среќа и од името на локалната самоуправа на Стојаноски му подари златен крст.

– Посакувам здравје и среќа да го следат Филип Стојаноски, а на сите прилепчани здравје, разбирање и да имаат благосостојба целата година, рече Јованоски.
Најсреќниот прилепчанец, Филип Стојаноски ќе добие и други подароци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот