Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ФИФА го избра Донарума за најдобар голман во 2025 година

Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума ја понесе титулата најдобар чувар на мрежата за 2025 година, според изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Донарума моментално настапува за Манчестер сити, каде што оваа сезона забележа 25 настапи и прими вкупно 20 погодоци, потврдувајќи го својот висок квалитет меѓу стативите.

Минатата сезона, пак, Италијанецот го бранеше голот на ПСЖ и со парижанитее испиша златни страници, успевајќи да ја освои Лигата на шампионите и титулата во француското првенство, а настапи и во финалето на Светското клупско првенство.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот