Федерер откри кога се враќа на терените

EPA-EFE/NIC BOTHMA

Рожер Федерер најави дека наскоро се враќа на тренинзите по двојната операција на коленото.

Федерер во февруари го оперира коленото по што одлучи да го прескокне остатокот од оваа сезона.
Швајцарецот открива дека многу брзо, дури уште во наредната недела ќе започне со подготовките за настапот на Асвтралија опен, традиционалниот прв грен слем во годината кој треба да се игра во јануари 2021 година.

Едвај чекам да се вратам на терените. Тоа треба да се случи идната недела – изјави Федерер при промоцијата на свој нов „Вилсон “рекет.


Последниот официјален меч на Федерер беше во јануари годинава кога загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот