Фаучи се повлекува од функцијата медицински советник на Бајден

Фото: Instagram

Доктор Ентони Фаучи денеска информираше дека во декември се повлекува од функцијата директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и оти веќе нема да ја извршува должноста главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој се повлекува и од позицијата шеф на Лабораторијата за имунорегулација на Националниот институт за алергија и заразни болести.

– Иако си заминувам од сегашните позиции, не одам во пензија. По повеќе од 50 години во државна служба, планирам да продолжам со следна фаза од мојата кариера додека сè уште имам толку енергија и страст за своето професионално подрачје, појасни Фаучи.

Експертот за заразни болести и водечки американски епидемиолог беше директор на Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година. Во 2020 година стана главен американски „корона-лекар”, кој ги пренесуваше ставовите на американската Влада за сузбивање на пандемијата од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот