Фанатичната посветеност кон Трамп има свои граници?

Фото: ЕПА

Оваа култна посветеност кај оние кои го опкружуваат Трамп не е единствена за Парнас. Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Трамп, исто така опиша една фанатична посветеност кон претседателот.

Американскиот претседател Доналд Трамп е третиот човек на функција на шефот на оваа држава кој е отповикан, а како што се приближува процесот на судење во Сенатот, кога ќе биде објавена конечната пресуда, изгледа дека тие кои му беа најлојани може сега може да му предизвикаат најголема штета, пренесува српски „Блиц“.

Очекувањата се дека Трамп брзо ќе пројде низ процесот и дека по него ќе биде „чист како солза“ стануваат се понереални.

Впечатливото интервју со една од клучните фируги во играта за вршење на притисок врз Доналд Трамп на Украина, во случајот кој предизвика американскиот претседател сега да биде во процес на отповикување, помага да се сфати како тој се најде во оваа ситуација.

Лев Парнас, соработникот на адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, даде второ интервју за MSNBC оваа недела, во кое во име на Белата куќа детално ја опиша механиката и искуството за применување на „тајната надворешна политика“.

На Парнас моментално му се суди поради неповрзани обвиненија за кршење на финансирање на кампањата на Трамп.

Зборувајќи за американските медиуми, тој рече дека се почувствувал како некој да го „извлекол од култ“. Како што рече, чувствувал незамисливо идолопоклонство додека работел во име на Трамп и верувал дека претседателот ќе го заштити.

За потсетување, Трамп од Украина барал да спроведат истрага за Џо Бајден и неговиот син, кој беше на висока функција во една енергетска компанија во таа земја. Трамп, како што се тврдењата, ја уценувал Украина, запирајќи го испраќањето на воена помош која претходно САД ја ветиле.

– Мислев дека ако го слушам претседателот и неговиот адвокат, никако не можам да се најдам во неволја или било што лошо – рече Парнас.

Тој еднаш изјави дека има своевиден олтар посветен на Трамп во својот дом.

– Дали го сакав Трамп? Кога ФБИ дојдоа да извршат рација во мојот дом, мојата сопруга се засрами бидејќи рекоа дека имам олтар посветен нему – рече тој.

Оваа култна посветеност кај оние кои го опкружуваат Трамп не е единствена за Парнас. Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Трамп, исто така опиша една фанатична посветеност кон претседателот.

Пријателот на Коен, кој „Њујорк тајмс“ го цитираа минатиот февруари, рече дека Коен таа посветеност ја опишувал „нешто налик на култ“ и дека таа го „вовлекла во себе“.

Наводно поради тој фанатизам Коен, без прашања и против законски, ѝ дал пари на Сторми Даниелс, порно ѕвездата која наводно имала сексуална афера со Трамп, со намера да ја замолкне. Затоа наводно и со години молчел, се додека конечно не призна.

Интересно е дека Џејмс Коми, поранешниот шеф на ФБИ, зборувал за тоа дека Трамп во првите денови на својот мандат, се обидувал да го вовлече во таа мрежа и да ја загрози традиционалната дистанца меѓу ФБИ и Белата куќа. Коми тоа го спореди со однесувањето на мафијашите кои ги истражувал на почетокот на својата кариера.

Неспорно е дека таа посветеност на краток рок беше корисна за Трамп – особено кога создаде група на лојални републикански пратеници кои го бранат, констатираат американските медиуми. Но, сега е јасно дека нивната лојалност нема да трае засекогаш, особено не кога ќе сфатат дека истата нема да им помогне.

Коен, исто како Парнас, во своите интервјуа се сврте против Трамп, во време кога тоа може да му направи максимална штета.

На сослушувањето во Конгресот, Коен го нарече Трамп „лажго и расист“ и тврдеше дека претседателот од него барал да лаже и да се заканува во негово име. Наводите на Парнас сега покажуваат дека кампањата на Трамп со Украина била многу поопсежна отколку што претходно се сметало, и по обемот и по големиот број на официјални лица блиски до Трамп, за кои Парнас тврди дека се вклучени.

Неговите изјави можат да допринесат до тоа одредени републиканци од Сенатот да се согласат да му се спротистават на лидерот на Сенатот Мич Меконел и да повикаат на учество на сведоци во судењето.

Тие сведочења пак би можеле да значат нови откритија, а многумина велат дека сведок би можел да биде и Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност, за кој се смета дека има информации кои сериозно би можеле да му наштетат на Трамп.

База на Трамп, која очајнички му е потребна да го истурка кон вториот мандат, позната е по својата посветеност и лојалност. Но, како што Парнас и Коен покажаа, лојалноста има свои граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот