Фајзер: Нашата вакцина е безбедна за децата од 5 до 11 години

Вакцинирање на деца
Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Вакцините на Фазер/БиоНтек против коронавирусот се покажаа како безбедни и високо ефикасни кај малите деца на возраст од 5 до 11 години, објавија денеска компаниите, пренесува Си-Ен-Ен.

Според овие истражувања, сега треба да се олесни неколкумесечната грижа на родителите и наставниците за тоа кога децата и нивните блиски би можеле да добијат заштита од коронавирусот.

Потребата за вакцинација во САД е итна. Еден од пет нови случаи на инфекција во Соединетите држави е кај деца, а делтата сојот во изминативе неколку недели испрати повеќе деца во болниците и единиците за интензивна нега недели од кога било досега.

Фајзер и БиоНтек планираат да аплицираат до американската Администрација за храна и лекови (ФДА) до крајот на месецот за дозвола за користење на вакцината кај овие деца.

Ако регулаторниот преглед помине без проблеми како кај постарите деца и возрасните, милиони ученици од основните училишта би можеле да се вакцинираат пред „Ноќта на вештерките“.

Резултатите од тестовите за деца под 5 -годишна возраст не се очекуваат најрано до четвртиот квартал оваа година, изјави д -р Бил Грубер, виш потпретседател на Фајзер.

САД дозволи трета доза Фајзер за лицата постари од 65 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот