Фабриките и погоните да ја реорганизираат работата во смени, во спротивно ќе следат санкции

Работници во фабрика/ Фото: Архива на Слободен Печат

Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска апелира фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени, напомнувајќи дека инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат непочитувањето на владините одлуки.

– Деновиве сме сведоци на непочитување на препораките од Владата од страна на дел од производствените компании, рестораните и други субјекти. Апелираме фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени. Препораката на Владата производството да се одвива во четири смени со цел да има што помал број вработени во смена и да се дезинфицира просторот по секоја смена. Инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат секое непочитување на владините одлуки и заклучоци, информира Кабинетот на Царовска.

Од Кабинетот нагласуваат дека во овие моменти најважно е да го зачуваме јавното здравје, но дека покрај здравствените ризици, коронавирусот донесе и еднакво големи предизвици за светската економија.

– Таа трпи засега сè уште несогледливи негативни последици, а домашната економија, исто така, нема да остане имуна на последиците од коронавирусот и должност на Владата е час поскоро да започне со мерки на заштита и поддршка на економијата и компаниите, соопшти Кабнетот на Царовска, кој информираше и за првите економски пакет-мерки за помош на најзагрозените сектори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот