Езеро или депонија?! Пластичен отпад од Албанија го затрупа брегот на Охридското Езеро! (ФОТО)

Откако вчера се појавија мизерни фотографии од коритото на реката Треска, слични фотографии на кои се гледа огромно количество на пластичен отпад одекнаа и од крајбрежјето на Охридското Езеро, кај Љубаништа. 

Фото: Охрид СОС

Делот на Черава што е во Македонија е само течение и нема население или движење во тој дел, така што пластиката и останатиот отпад доаѓаат од Албанија. За ситуацијата информираше Охрид SOS на нивниот фејсбук-профил, од каде бараат одговорност од општинската власт која е збратимена Поградец, за да ѝ се укаже на албанската општина за негативните практики на локалното население, чии последици се видливи секоја година.

Фото: Охрид СОС

Ви ја пренесуваме нивната објава во целост:

„Огромни количини (најмногу пластичен) отпад, за време на обилните врнежи изминативе денови, преку реката Черава од албанска страна завршило на брегот на Охридското Езеро, кај Љубаништа. Ова се случува секоја година, кога повеќе или помалку, отпадот кој се фрла во коритото на Черава од Албанија го загадува делот кoј што се влева во езерото, во местото викано Сукот.

Делот на Черава што е во Македонија е само течение и нема население или движење во тој дел, така што пластиката и останатиот отпад доаѓаат од Албанија. Со оглед дека Општина Охрид е збратимена со општина Поградец, очекуваме реакција од нивна страна, за да ѝ се укаже на албанската општина за негативните практики на локалното население, чии последици се видливи во вакви услови.

Ова е само доказ за ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото, и нивно користење како депонија. Не е познато дали Реактивната мониторинг мисија на UNESCO, IUCN и International Council on Monuments and Sites (ICOMOS), која неодамна го посети Охридскиот Регион, била однесена во обиколка на коритото на реката Черава или други слични локации претворени во депонии. За потсетување, со политичка одлука на Комитетот за светско наследство, минатата година, неколку локации од албанската страна на езерото добија статус светско природно и културно наследство и беа вклучени во Охридскиот Регион.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот