Евровизија ги менува правилата: Македoнија не настапува, но ќе може да гласа

Фото: Твитер/Eurovision song contest

Изборот за песна на Евровизија, на кој победи бендот „Калуш оркестра“ од Украина, ќе се одржи во Велика Британија во 2023 година. Неодамна беше објавено дека на списокот на земјите учеснички нема да се најдат многу земји, меѓу кои и Македонија.


Организаторите на изборот за песна на Евровизија најавија големи промени во системот на гласање за наредното издание што ќе се одржи во Ливерпул. Отсега, исклучиво гласовите на гледачите ќе одлучуваат кои земји ќе поминат од полуфиналето на финалната вечер, наместо досегашната комбинација од гласовите на жирито и на публиката, како што се бодуваат песните уште од 2009 година. Во финалето ќе одлучува комбинација од гласовите на публиката и поените на жирито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


За потсетување, од двете полуфинални вечери во полуфиналето одат по 10 учесници, а за прв пат во он-лајн гласањето ќе можат да учествуваат и жителите од земјите кои не дел од овој музички настан. Нивните гласови ќе се додаваат на другите и ќе имаат голема улога во одлучувањето на победникот.

Сите гледачи од земјите улеснички ќе можат да гласаат преку СМС, телефон или преку официјалната апликација, а оние кои гледаат Евровизија од другите земји, ќе може да го сторат тоа преку безбедна он-лајн платформа.

Следната Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 година во Ливерпул, а за 20 места во финалето ќе се натпреваруваат 31 земја. Тие ќе им се придружат на Франција, Германија, Италија, Шпанија, домаќинот В.Британија и на Украина, кои се победници од годинашното натпреварување.

Македонија го откажа настапот и следната година ќе нема свој претставник на изборот за песна на Евровизија, но ќе може да гласа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот