Европско првенство во 2021 година? УЕФА има друга идеја!

фото: УЕФА

Постои идеја Евро 2020 да се игра во декември годинава, што на некој начин би било подготовка на играчите за она што ги чека во 2022 година.

ЕП во фудбал според досегашните најави би требало да се одложи, а УЕФА во вторник (17 март) на состанокот со претставниците на националните федерации официјално ќе донесе одлука дали тоа ќе се случи.

Поврзано со тековниот развој на ситуацијата со ширењето на Covid-19 низ Европа и анализите на Светската Здравствена Организација кои се менуваат од ден на ден, УЕФА ги повикува претставниците на 55. земји членки, заедно со одборите на Европската клупска Асоцијација и Европските лиги, како и претставници на ФИФПро да присуствуваат на состаноците кои по пат на видео конференција ќе се дискутира eвропскиот одговор на ширењето на коронавирусот.

Одлуките исто така ќе се однесуваат на сите домашни и европски натпреварувања, вклучувајќи го и наредното Европско Првенство.

Како што е веќе познато Фудбалската федерација на Македонија официјално побара одложување на натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Европското првенство, закажан за 26. Март 2020. на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во дописот до Европската куќа на фудбалот, покрај проблемот со гледачите (забрана од македонската Влада за присуство на публика), ФФМ го потенцираше проблемот со пристигнувањето на фудбалерите од репрезентацијата во нашата држава, односно евентуалната изолација/карантин за одредени фудбалери кои би пристигнале од земјите со висок степен на присуство на заразата.

Овие денови се говори околу тоа за кој период би се одложил наредниот континентален собир, едни пишуваат дека е реално да се очекува ЕП да се одигра за една година, односно во 2021, а додека британскиот „Телеграф“ откри дека има друга идеја, која е поблиску до членовите на УЕФА.

Постои идеја Евро 2020 да се игра во декември годинава, што на некој начин би било подготовка на играчите за она што ги чека во 2022 година, а тоа е Светското првенство во Катар кое пак поради топлите временски услови во таа држава е утврдено дека ќе се игра во декември 2022.

Е сега е обратна ситуацијата, во декември во Европа вообичаено владеат поладни временски услови, што е отежнувачки фактор, па затоа ќе мора да почекаме до вторник и конечна одлука за тоа.

Ве потсетуваме дека првиот натпревар од Европското првенство треба да се одигра во Рим (Италија) на 12 јуни, но тоа е практично невозможно поради моменталната состојба со пандемијата на коронавирус и фактот што националните првенства нема да бидат завршени навреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот