Европските лидери ќе состаночат преку видео-конференција

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска свика нови разговори на лидерите на ЕУ, а главна тема е коронавирусот.

Разговорот на лидерите ќе се одвива преку видео конференција, најави Мишел на својот Твитер профил.

-Запирање на ширењето на вирусот, обезбедување доволни количества медицинска опрема, поинтензивни истражувања и ограничување на економските последици се клучни, нагласи Мишел.

Лидерите на ЕУ на 10 март на видео конференција побараа секојдневна консултација со министрите за здравство и министрите за внатрешни работи на ЕУ и формираа така наречен Корона фонд за помош во решавањето на економското влијание од пандемијата.

Европската комисија даде предлог за ограничување на извозот на медицинска опрема надвор од државите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот