Европски суд: Русија е одговорна за убиството на познатиот шпион во Англија

Владимир Путин и Сергеј Јастржбенски во Хелскинки, 2016-та година, каде Русија беше обвинета дека стои зад убиството на шпионот во Англија, која Кремљ со години ја негира/ Фото EPA/DENIS SINYAKOV / POOL

Русија е одговорна за убиството на Александар Литвиненко, шпион, кој од труење со полониум почина во Лондон во 2006-та година, заклучи Европскиот суд за човекови права, пренесува Би -Би -Си.

„Русија е одговорна за убиството на Александар Литвиненко во Велика Британија“, се вели во соопштението на судот за неговата пресуда.

Русија отсекогаш негирала било каква вмешаност во смртта на Литвиненко.

43 -годишниот Литвиненко, отворен критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој избегал од Русија во Велика Британија шест години пред да биде отруен, починал откако се напил зелен чај со редок и многу моќен радиоактивен изотоп во хотелот „Милениум“ во Лондон.

Познатиот руски шпион Александар Литвиненко, кој беше отруен во лондонскиот хотел Милениум во 2006-та година/ Фото Getty Images

Британската истрага во 2016-та година заклучи дека Путин веројатно ја одобрил руската разузнавачка операција за убиството на Литвиненко.

Исто така, беше откриено дека поранешниот телохранител на КГБ, Андреј Луговој и уште еден Русин, Дмитриј Ковтун, го извршиле убиството како дел од операцијата најверојатно предводена од Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), главниот наследник на КГБ од советско време.

Поранешниот телохранител на КГБ, Андреј Луговој, обвинет за убиството на Александар Литвиненко/ Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

„Судот утврди дека постои силен случај дека, со труењето на Литвиненко, Лугова и Ковтун  дејствувале како агенти на руската држава“, соопшти Европскиот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот