Европската Комисија ја осуди полициската бруталност против Ромите во Битола

Ана Писонеро/Фото: МИА

Европската Комисија е запознаена и ја осудува полициската бруталност против лицата од ромско потекло во Битола минатата недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Многу јасно осудуваме секаква неоправдана употреба на сила, нотираме дека властите го осудија инцидентот и дека преземаа чекори за отворање истрага за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави портпаролката за проширување на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Европската Комисија не ја коментира истрагата, ниту судските постапки, додека се во тек, но нагласува дека нејзината позиција во однос на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила е „многу јасна осуда”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот