Европол започна операција против рускиот незаконски имот

Европол/ Фото: ЕПА

Државите членки на Европската Унија (ЕУ) предводени од преставниците на меѓународните полициски организации Европол и Фронтекс започна да спроведуваат операција насловена како „Оскар“ која е има за цел откривање на „непочитување на трговските и економските санкции наметнати од ЕУ“ од страна на руски поединци и компании кои се предмет на меѓународни санкции поради војната во Украина.

Во свое соопштение на оваа тема Европол информира дека операцијата има за цел да ги поддржи финансиските истраги во земјите-членки на ЕУ против незаконски имот во сопственост на физички и правни лица санкционирани за руската инвазија на Украина.

Од таму додаваат дека операцијата „Оскар“ ќе трае најмалку една година и ќе се состои од голем број различни истраги во соработка со Фронтекс, чии припадници пак, ќе го засилат надзорот на луѓето кои ја минуваат надворешната граница на ЕУ.

Од друга страна на оваа тема, Европската агенција за судска соработка “Европравда” планира со сет на мерки да ја олесни размената на стратешки и оперативни информации меѓу европските држави со што ќе се обезбеди правна помош и поддршка на истражните органи и ќе се зајакне соработката меѓу националните истражни и судски органи.

Политички аналитичар Милан Стефаноски

Во светло на актуелните случувња, политичкиот аналитичар Милан Стефаноски за Слободен печат вели дека, обемната меѓународната полициска операција на оваа тема е само продолжуваењ на меѓународниот притисок кон Русија на европско тло.  Тој вели дека сето е сосема очекувана реакција и може да се очекува ефектите на „Оскар“ и на слични вакви истраги директно или индиректно да се почустуваат и во нашиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот